06 Мај, 2024
0.0266

Левица бара да се обелодени каков одговор дал Заев на властите во Софија

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Oд Левица велат дека Владата без отчетност ги продолжува преговорите со официјална Бугарија. 

Според нив, како што велат, великопредавството кое е во подготовка, се случува како последица на повеќегодишна вулгарна политика, која најмногу ги вреднува приватните интереси на владините функционери, кои го гледаат својот плен во разнебитувањето на државниот интегритет.

„Премиерот во заминување, Зоран Заев, познат по својата рамка за тргување со националните интереси за лични бизнис цели, најави дека окончувањето на наметнатиот меѓународен проблем на штета на Република Македонија, ќе се случи кога на чело на Владата ќе застане Димитар Ковачевски. Новата Влада ќе биде спремна за безусловно прифаќање на сите барања на бугарската шовинистичка дипломатија, што подразбира и прифаќање на дополнителни услови во согласност со зголемувањето на апетитите на властите во Бугарија, кои не наидуваат на никаков отпор во преговарачката рамка. Како што изјави Заев, Владата веќе има дадено одговори пред бугарската страна, со кои верува дека ќе бидат надминати сите недоразбирања. Во типичен недемократски и тоталитарен дух, како што е целото владеење на СДСМ и ДУИ, јавноста нема никакви информации каков одговор доставил Заев. Нема никакви јавни информации дека некаков одговор бил подготвен на седница на Влада, или пак, на собраниските комисии и покрај усвоената Резолуција во Собрание од страна на сите парламентарни партии“, реагира Левица.  

Велат дека  владината надворешна политика има цел да манипулира со внатрешната политика со флоскули за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија, за да го разводени јавниот дискурс кој е доминантно негативно наклонет кон владејачките партии. 

Левица го повтори ставот дека преговорите мора да бидат прекинати. 

Македонија чека повратен одговор од официјална Софија за пакетот барања 5+1 кои беа поставени како услов од бугарска страна за почеток на преговори со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје