Лидерска во четврток: Коронавирусот и изборите на маса
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Листите се стокмени, а изборната кампања почнува на 23 март. Во меѓувреме поради новонастанатата ситуација со ширењето на коронавирусот лидерите на политичките партии во четврток ќе имаат лидерска средба. Состанокот е закажан, а свое присуство освен премиерот Оливер Спасовски кој ќе присуствува таму потврдија и ВМРО-ДПМНЕ односно Христијан Мицкоски, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива. Планирано е да присуствуваат по двајца од секоја партија.
Синоќа Мицкоски потврди дека ќе оди.
„Имаме лидерска средба закажана в четврток, да разговараме за ова што денес е реалност односно за КОВИД-19, па дури потоа ќе можеме да носиме заклучоци што и како, рече Мицкоски.
За одложување на изборите засега не станува збор. Владата забрани да се опрганизаираат насатани на кои има повече од 1.00 лица, а за помалите има препорака да не се организираат.