ЛИКВИДИРАНИ ЏИХАДИСТИ ВО АНКАРА: Дали планирале напад?
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2017
Во Анкара утрово во полициска операција се ликвидирани двајца осомничени членови на терористичката организација „Исламска држава”, објави бугарски „Фокус”, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Двајцата осомничени се мажи на возраст помеѓу 25 и 30 години и се доведени во Анкара од Истанбул со лично возило од трет човек. Откако бил уапсен во полициска операција во Истанбул, возачот признал дека имало планови за терористички напад. Тој кажал на полицајците дека е член на „Исламска држава” и ги насочил кон другите двајца осомничени членови, кои подоцна се ликвидирани.