12 Мај, 2024
0.0437

ЛИРАТА СОЗДАВА ГЛАВОБОЛКИ: Товарот ќе падне на турските компании, еве зошто

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Tурските компании се соочуваат со надворешен долг од 179 милијарди долари кои достасуваат за наплата до јули 2019 година, што претставува сериозен товар за економијата.

Финансиската корпорација Џеј Пи Морган денеска ja соопшти oваа информација. 

Најголем дел од тој долг, околу 146 милијарди долари, е долг на приватни турски компании, најчесто на банките, а централната Влада мора да отплати или репрограмира скромни 4,3 милијарди долари.

Вкупно надворешниот долг кој достасува за наплата чини скоро една четвртина од турската економија, а состојбата е особено загрижувачка имајќи го предвид падот на турската лира, тврди Џеј Пи Морган.

Падот на валутата претставува проблем за турските компании кои имаат долг кон надворешни партнери во странска валута. 

Турската лира падна за 40 проценти во текот на годинава, поради конфликтот со САД околу апсењето на свештеникот Ендрју Брансон во Турција, и не-екстрадицијата на свештеникот Фетула Ѓулен од САД.

Од 179 милијради долари, 32 милијарди достасуваат до крајот на 2018 година, а 47 милијарди се во обврски за кои се смета дека се лесни за репрограмирање, но сепак, и покрај овие олеснувања, во првата половина на 2019 година достасуваат над 100 милијари долари надворешни обврски.

Турската лира ослабна денеска во однос на доларот, по зголемување на загриженоста од потенцијални негативни ефекти на кризата на домашната валута.

Лирата на тргувањето утринава падна на дури 6,4 лири за долар, што е нејзино најниско ниво од 15 август, но до 8:28 часот нејзината вредност благо се опоравила, на 6,37 лири за долар. 

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно