01 Јули, 2024
0.0291

Лирман: Јасно е дека сега постои голема, уникатна можност во однос на проширувањето

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Има нова динамика во однос на проширувањето на Европската Унија (ЕУ). 

„Јасно е дека сега постои голема, уникатна можност во однос на проширувањето. Постигнавте голем напредок на патот кон ЕУ и сега е важно да се преземат следните договорени чекори, меѓу кои и уставните измени. Преговарачката рамка е поддржана од сите 27-земји членки, нема нови услови, динамиката на реформите ќе ја одреди брзината на пристапниот процес“, изјави во разговор за МИА Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија. 

Руската инвазија на Украина придонесе за поинаква динамика. 

„Видете, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до Европската унија, имаме усвоена преговарачка рамка која јасно ги одредува чекорите што треба да се преземат за членството во ЕУ, ова е јасно и договорено, и условите се наведени таму. Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи вчера излезе со изјава во која јасно вели дека ова е обврзувачко за нив, дека врз база на тоа ќе го оценуваат процесот. Како што кажавме претходно, јасно е дека во Европската унија постои нова динамика околу проширувањето затоа што гледаме дека е во наш безбедносен интерес тоа да се случи што поскоро. Оваа динамика е и причината за посетата на австрискиот и другите министри за надворешни работи, како и за нашата посета, и тоа јасно покажува дека за нас е многу важен приоритет Северна Македонија да стане дел од ЕУ“, вели Лирман. 

Таа додава дека динамиката на спроведување на реформите е таа која ќе ја одреди динамиката на пристапување на земјата во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа