Љубчо Георгиевски не сака да го загуби статусот почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020
Првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, не сака да го загуби статусот почесен претседател на таа партија и ангажирал адвокатски тим, кој како што објави „Поглед“, во обид да си го задржи своето право на оваа титула.
Една од статутарните промени кои ги најави најголемата опозициска партија во Македонија по одржувањето на парламентарните избори е да не постои титулата почесен претседател, која наедно ја има и поранешниот премиер Никола Груевски.
Георгиевски се противи на оваа измена во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено, па поради тоа најавил тужба.