26 Април, 2024
0.0359

ЉУБИТЕЛ НА ВОЈНИТЕ, ЛУКСУЗОТ И ВЛАСТА: Вака изгледа животот на принцот Салман за кој зборува цел свет

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во моментов цел свет зборува за човекот во кој вперен прстот дека е вмешан во убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој исчезна на 2 октомври кога влегол во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул.

Малку се тие кои слушнале за Мохамед бин Салман а во медиумите е  познат и како МбС а пред оваа криза која сега ја тресе Саудиска Арабија беше контроверзна личност. 

Детали за убиството на Кашоги, кое предизвика реакции ширум светот и допринесе на постојано зголемување на притисокот на саудиската влада, уште не се познати, но сите бројни шпекулации дека Бин Салман знаел за убиството или дури и го наредил како би го замолчел, еден од своите најголеми критичари. Од американскиот конгрес стигнаа и повици да се преиспита „блиското политичко пријателство“ помеѓу принцот и администрацијата на Трамп, а републиканскиот сенатор Линдзи Грејм неодамна го опиша Салман како „токсичен„ и рече дека „Мора да замине“.

Иако најпрво се однесуваше како модернизатор и реформатор, најпознат по планот за реформи „Саудиска Визија 2030“ и по тоа што ги укина забраната за кино во Саудиска Арабија и забраната со која жените добија дозвола да возат, таа слика се промени кога почна да ги отстранува своите неистомисленици и критичари, и лани нареди апсење на околу 20 принцеви и бизнисмени во земјата. Поради критичкиот став кон принцот и самиот Џамал Кашоги самонаметнат егзил во Соединетите држави, поради тоа што бил загрижен за својата безбедност.

Мохамед бин Салман е роден во 1985 година и е престолонаследник на Саудиска Арабија, прв заменик премиер и најмлад министер за одбрана на светот. Именуван е за крунисан принц во јуни лани, по одлуката на татко му да го смени Мухамед бин Наиф од сите функвии и него да го постави за претпоставен наследник на тронот. 

Принцот е познат по тоа што живее многу раскошен животен стил. Еден од примерите кои тоа го илустрира е неговото купување на јахтата Серена, која е по нарачка изработена за рускиот тајкун Јури Шефлер а истовремено изнајмувана и за Бил Гејтс за пет милиони долари неделно. Бил Салман за Серена платил 500 милиони евра, а во 2015 наводно купил замок во Франција за 300 милиони . Интересен е и фактот дека има само една жена, што во неговата земја ретко се гледа, посебно меѓу членовите на кралското семејство. Со принцезата Сара бин Машор се оженил во 2008 година и имаат две деца, две момчиња и две девојчиња.

Бракот помеѓу роднини не е реткост во богаташките, посебно племски семејства.

Неговото богатство исто така е нешто што ја фасцинира јавноста. Принцот е исклучително имотен, а тежок е повеќе од три милијарди долари што е неверојатно дури и според мерилата на саудиското племство.

Ја поседува дури и една од најскапите куќи во светот, а за големата палата во 2015-та искеширал 300 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек