„Верувам дека Владата заедно со Советот на општината ќе изнајде решение кога е најдобро да се гласа за нов градоначалник, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот в.д. градоначалник една општина може да има најмногу шест месеци, по што се оди на избори. Верувам заедно ќе ја утврдиме одлуката и после ќе се оди на избори“, изјави денеска мандатарот Зоран Заев.
Локални избори во Штип на есен или во февруари
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Зоран Заев, мандатарот за составување на новата Влада, денеска рече дека во наредните шест месеци во Штип ќе се одржат локални избори на кои ќе се избере нов градоначалник на местото на Благој Бочварски, кој е предложен за нов министер за транспорт и врски.