Локалните избори во Македонија ќе се одржат два месеци порано
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020
Локалните избори наместо во декември, ќе се одржат во октомври следната година, затоа што претходните градоначалници на локалните самоуправи во 2017 имаа продолжен мандат поради политичката криза во која се најде Македонија таа година.
Партиите се согласуваат дека локалните избори треба да се одржат во октомври 2021 година. Според нив, Изборниот законик го категоризира мандатот на градоначалниците што не треба да се намалува или прекинува. Според Алсат, ваков консензус постои и кај опозицијата, односно кај ВМРО-ДПМНЕ и кај Алијанса за Албанците.
Во 2017 година, мандатот на градоначалниците заврши во мај, но бидејќи Собранието не беше функционално и земјата беше без Влада поради политичката криза, Уставниот суд донесе одлука за продолжување на нивниот мандат до октомври. Нивниот мандат се пресметува од октомври 2017 година.