Локално ќе наврнат повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2021
Во текот на ноќта врнежи од дожд ќе има низ цела Македонија.
На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Тие ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврне над 25 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 Целзиусови степени. Во Скопје, претпладне облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11 степени.
foto freepik