18 Мај, 2024
0.0306

ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТАН: Најдобро рангираните универзитети достапни и за нашите студенти

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Рангирањата на високообразовните институции во светот се секогаш предмет на разни контроверзи. Таков е на пример случајот со Шангајската листа која веќе неколку години се користи во рангирањето на нашите институции од областа на високото образование. Главна забелешка на таквото рангирање е што се земаат во предвид единствено нумеричките информации добиени главно од институциите без да се слушне гласот на корисниците на услугите, односно студентите. StuDocu е платформа која ги рангира универзитетите во светот исклучиво врз искуството на студентите. Така, најновото рангирање на универзитети на StuDocu целосно се заснова на рецензии од  100.000 студенти кои коментирале за 1.500 универзитети ширум светот. Рангирањето не е водено од профитот или од колективот на експерти кои дешифрираат податоци туку институциите се рангирани од страна на студенти кои знаат што навистина е важно, од оние кои секојдневно го искусуваат квалитетот и напорите на нивните универзитети.

Спрема најновите рангирање на StuDocu Лондон Метрополитан Универзитетот се наоѓа на високото 20 место во Европа и дури на 12 место во Велика Британија. Еве како студентите кои студираат во Лондон го оценуваат своето искуство:

“Уживам во универзитетското искуство додека студирам на Лондон Метрополитан. Наставниците се трудат максимално да ги направат сите лекции лесни за разбирање и секогаш се спремни да ти помогнат.”

“Поради ковидот оваа академска година беше предизвикувачка, сепак, предавачите направија неверојатна работа во обезбедување на целата настава преку Интернет во многу непречена транзиција. Навистина ја ценам подршката што ја добив од универзитетот и предавачите и сум возбуден. Веќе етрета година. Ме чека убава диплома!!”

“Моето универзитетско искуство/патување е незаборавно. Од гледна точка на додипломски студии, тој беше исполнет со забава и едукација, но постдипломските студии беа  поинтензивни и временски ограничени така да многу задачи требаше да се решат во краток временски период (што ве турка до работ, но во исто време ве подготвува и за пазарот на трудот). Секогаш ќе чувам убави спомени од времето што го поминав на Лондон Мет Универзитетот.”

“Чувствувам дека во следните неколку години дипломата од Лондон Мет ќе ми биде солидна поддршка во создавањето кариера.”

“Поддршката што ја добив е неповторлива, во однос на туторите. Без разлика колку се зафатени, тие секогаш се подготвени да ги обезбедат потребните инпути и помош, доколку се појави потреба.”

Ова е пак дел од искуството на Скопје Метрополитан Колеџ студентите кои исто така студираат за диплома на Лондон Мет, но овде во Скопје:

“Одличен ангажман на професорите со студентите, тие навистина добро го предаваат материјалот, поттикнуваат индивидуални и групни дискусии за предметниот материјал и го ценат размислувањето надвор од рамката.”

“Материјалот за курсот беше претставен на многу разбирлив начин. Професорите беа со позитивен став и ги подржуваа учениците на секој можен начин.”

“Курсот беше одличен спој од 2 многу интересни и меѓусебно поврзани теми, претставени прекрасно, на многу конструктивен и ефективен начин и со многу страст и посветеност.”

“Многу стимулативни и провоцирачки теми, брилијантно презентирани предавања, кои поттикнуваа длабоко размислување и ни помогнаа на нас (студентите) дополнително да ги развиеме нашите вештини за критичко размислување.”

Во моментот Скопје Метрополитан има објавено повик за Јануарски упис за постипломски студии по Master in Business Administration и International Events, Leisure and Tourism. Исто така отворен е и повикот за школарини за додипломски студии за 2022/23 на студиите по Business Management и Computer Networks and Cloud Security. За повеќе инфромации за можностите да се стекнете со престижно британско државно образование погледнете на www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на телефон+389 2 3140 004. Новиот кампус на Скопје Метрополитан Колеџ се наоѓа на улица Бул. 8 Септември 19a, Скопје


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност