19 Мај, 2024
0.0279

ЛОШ БИЛ ПРЕВОДОТ: Муареми демантира дека се заканувал со инспекции за Сопиште

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Најостро ги осудувам и демантирам лажните информации што во текот на вчерашниот ден беа пласирани од неколку медиуми, а потоа искористени од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, во нивни партиски цели, со намера за моја лична дискредитација на дискредитација на институцијата со која раководам, вели денеска Арафат Муареми, директор на управата за финансиска полиција. Муареми реагира на објавата на ВМРО-ДПМНЕ од каде вчера објавија видео на кое говори директорот на Управата и споменува инспекција. Разговорот е за општина Сопиште. Денеска Муареми вели дека никој не го контактирал да ја каже својата вистина затоа што на објавеното видео таа била извртена.  

„Вчера, во рамки на партиските активности за претстојните локални избори, остварив средба со жителите на Општина Сопиште, каде жителите искажаа револт и незадоволство од работењето на сегашниот градоначалник и беа презентирани информации за одредени злоупотреби што градоначалникот Стефче Трковски ги направил и ги прави искористувајќи ја својата функција. Граѓаните упатија директно прашање до мене, зошто не постапам, на што одговорот од моја страна беше дека доколку, од позиција на директор, сега ги процесуирам нивните сознанија и укажувањата за извршените злоупотреби од страна на сегашниот градоначалник, тоа ќе се смета како политички притисок, и дека тие се оние кои што со својот глас, на овие локални избори треба да го казнат градоначалникот за неговото работење, вели Муареми.

Додава дека на жителите им рекол оти искажаните сомненија ќе се разгледуваат по завршувањето на изборите, бидејќи сега истите би се толкувале како политички притисок.

„Наместо информацијата да биде пренесена така како што е кажана, одредени медиуми и креаторот на лажните вести ВМРО-ДПМНЕ, преку пласирање на лажни и невистинити објави и неточен и нецелосен превод на видео снимката од албански на македонски јазик, се обидоа да ја извртат вистината, но тоа не им успеа бидејќи аргументите се на наша страна. Што се однесува до објавите и соопштението на ВМРО- ДПМНЕ, сметам дека е непотребно да ги коментирам, од причина што нивниот лидер Христијан Мицкоски, како и неколку нивни членови се веќе посочени од страна на Европскиот парламент во студијата изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија , како креатори и главни извори и пренесувачи на дезинформации, а со цел дискредитирање на нивните политички противници, вели Муареми. 

Вчера од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во паника од пораз ги злоупотребува државните институции за политички притисоци, па така директорот на финасиската пиолиција Арафат Муарми добива нова задача и ќе испраќал инспекции во Сопиште зошто во оваа скопска оопштина градоначалникот е од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаат дека ќе изгубат и затоа Зоран Заев го вклучува неговиот механизам за притисоци, велат“, од ВМРО-ДМНЕ. Велат дека директорот на Финансиската полиција се заканува дека ќе прател инспекција на градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски и така на сила ќе го сменеле“, додаваат.

Потсетија дека Муареми пред неколку дена испорача и кривична пријава, што беше брутална нарачка од власта, за градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.

„Наместо програма – закани, наместо работа – злоупотреби. Затоа, жестоко ќе изгуби криминалната коалиција СДСМ-ДУИ“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видеото подолу



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“