Лов на вештерки
Објавено во: Колумни 12 Декември, 2012 08:21
Сите оние кои се малку поупатени во таа проблематика (претпоставувам дека тука спаѓаат и господата од Европската комисија кои го пишувале Извештајот), знаат дека перењето пари претставува кривично дело. За да биде еден субјект осомничен дека можеби е вклучен во перење пари, потребно е оној кој го изразува сомневањето да има одредени аргументи, или барем индиции за своето тврдење. Аргументите или индициите дека некој се занимава со перење пари се стекнуваат преку постапката наречена анализа на клиентот (customer due dilligence).
Да претпоставиме дека една финансиска институција во текот на еден месец извршила 50 анализи на своите клиенти. Врз основа на проучувањето на дејноста на еден својот клиент, географското подрачје од кое истиот доаѓа, производите или услугите што тој клиент ги користи, трансакциите што ги извршува и слично, таа финансиска институција дошла до заклучок дека за нејзиниот клиент не постојат ниту аргументи, ниту индиции дека истиот е вклучен во процесот на перење пари.
Понатаму да претпоставиме дека финансиската институција во сите 50 анализи дошла до заклучок дека нејзините клиенти не се вклучени во процесот на перење пари. Притоа, анализите се издржани, аргументирани, во целост е почитувано „словото на законот“ при нивното спроведување. А сепак, таа институција не доставила ниту еден извештај за извршена сомнителна трансакција до Управата за финансиско разузнавање.
И сега следува прашањето: Дали таа институција треба да биде казнета зашто не исполнила одредена квота или треба да биде почитувана зашто во целост ги применила домашните и меѓународните стандарди за анализа на клиентот?
Што е поважно за Европската комисија? Квантитетот или квалитетот? Или можеби е полесно да се критикува само за она што претставува статистичка категорија (бројот на доставените извештаи), без притоа да се согледа суштината на работите и да се обрати внимание на квалитетот на доставените извештаи. Крајно е несериозно да се бара од финансиските институции (и другите субјекти кои имаат обврски согласно Законот за спречување на перење пари) да доставуваат извештаи со кои ги сомничат своите клиенти дека е можно да се вклучени во извршување на кривично дело, само за да бидат задоволени одредени „норми“ на Европската комисија. А аргументите за доставувањето на извештаи на тој начин?
Сите во лов на вештерки!
д-р Гоце Трајковски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





