05 Мај, 2024
0.0276

Лукоил прослави голем јубилеј - 25 години во движење

Објавено во: Економија 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Eдна од најголемите нафтени компании во светот „ЛУКОИЛ“ оваа година слави 25 години од своето основање, четврт век посветена работа поврзана со истражување, ископување на нафта и гас, производство и пласман на високо квалитетни нафтени деривати, како и електрична енергија во 35 земји преку разгранетата малопродажна мрежа.

„ЛУКОИЛ“ е компанија која со своето работење носи стабилност, сигурност и квалитет на нафтениот пазар. Работи по најсовремени светски стандарди и гарантира квалитет и високо ниво на услуги. Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.

Горди сме на нашиот јубилеј 25 години „ЛУКОИЛ“.  25 години на успешна работа во еден исклучително конкурентен сегмент, период во кој успеавме да поставиме високистандарди на ефикасна и квалитетна услуга. Исто така сме горди и на нашите достигнувања во Македонија. На македонскиот пазар „ЛУКОИЛ“ е присутен веќе 11 години, со 28 бензиски станици според најсовремените светски стандарди и 400 вработени, со што компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава.

Компанијата има динамичен развој, континуирани инвестиции во производство, малопродажни услуги и човечки потенцијал. Токму поради тоа во рамките на глобалната групација „ЛУКОИЛ“ Македонија дури два пати беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија, што претставува уште една потврда за доброто работење. „ЛУКОИЛ“ денес е синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата која ни ја укажуваат потрошувачите и во иднана ќе биде силен мотив за да работиме уште подобро и секогаш да бидеме први во се, да ја следиме нашата девиза ’ЛУКОИЛ секогаш во движење‘“изјави генералниот директор на Лукоил Македонија, г. Андреј М. Куку на прес конференцијата пред македонските медиуми.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години