Мајкрософт покрена истрага за скандалозната афера на Бил Гејтс од пред 20 години
Објавено во: Свет 17 Мај, 2021
Мајкрософт започна истрага за ко-основачот Бил Гејтс и
неговата интимна врска со вработена
пред 20 години, соопшти денеска компанијата.
Оттаму изразија загриженост уште кон крајот на 2019 година поради обвинувањата кон Гејтс и неговиот обид да создаде романтична врска со една од вработените во 2000 година, пренесува Ројтерс.
Волстрит журнал во неделата објави дека управниот одбор на Мајкрософт донел одлука дека врската на Бил Гејтс со вработената жена е несоодветна и затоа треба да си даде оставка.
Портпаролот на Бил Гејтс негираше дека одлуката на Гејтс да го напушти управниот одбор на Мајкрософт нема никаква врска со таа афера од пред 20 години.
Милијардерот, кој учествуваше во основањето на „Мајкрософт“ во 1975 година, беше извршен директор на таа компанија до 2020 година, кога беше објавено дека ќе се повлече од бордот на директори, со цел повеќе да се насочи кон филантропијата.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда на почетокот на месецот објавија дека се разведуваат по 27 години брак.
ФОТО: Reuters