Македонија го почнува утре скрининг процесот за пристапување во ЕУ
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2018
Македонија од утре го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија. Македонска делегација предводена од вицепремиерот Бујар Османи кој е и политички преговарач составена од 40 члена ќе почне разговори од скрининг процесот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права.
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека делегацијата во Брисел ќе биде и во петок за кога е предвидена и изајава со комесарот Јоханес Хан. Во евроспката престолнина оди и техничкиот преговарач Бојан Маричиќ и министерката за правда Рената Дескоска.
Со цел да можат да се вклучат сите кои сакаат и можат да помогнат во скринингот и преговарачкиот процес, Владата распиша оглас за создавање Регистар на надворешни експерти. До 10 октомври заинтересираните треба да достават работна биографија и мотивациско писмо со наведено поглавје или подтема за која има експертиза.