06 Мај, 2024
0.0256

Македонците во Бугарија го осудија пописот кој им го нарушил правото на самоопределување, и прашуваат зошто Скопје молчи

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Здруженијата на Македонците во Бугарија донесоа Декларација со која бараат Софија да престане со нивно негирање, дискриминација и асимилација. Тие ја осудуваат политиката на Бугарија кон Македонија, ја повикуваат македонската влада да престане со непринципиелни компромиси и ја повикуваат Европската Унија да не се дозволува злоупотреба на ветото. 

„Го осудуваме начинот на кој беше спроведен последниот попис во Бугарија, со мноштво нарушувања на правото на самоопределување и пречки за Македонците да можат да ја изјават својата народност. Ја осудуваме пасивноста на македонските влади во последните три децении, кои наспроти својата уставна обврска да се грижат за македонските малцинства надвор од Македонија, никогаш го немаат поставено пред Бугарија прашањето за негирање, дискриминација и асимилација на македонското малцинство“,  се вели во Декларацијата на Македонците во Бугарија.

Од македонската влада пак реагираат дека постапуваат во согласност со сите европски приципи и во согласност со македонскиот Устав кој вели дека земјата не треба да се меша во внатрешните работи на другите земји. Апелираат до здруженијата, правата да ги бараат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Бугарија неодамна го заврши пописот, но Македонците многу пати досега алармираа дека не можат да се изјаснат и нема графа Македонци на пописот. Од друга страна, Бугарија бара 120.000 Бугари на пописот, алудирајќи на бројката на Македонци кои поседуваат бугарски пасоши. Точката бројка на Македонци кои живеат во Бугарија е непозната. 

Во разговор за Телма Стојко Стојков, претседателот на организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин вели дека Македонците треба да влезат во бугарскиот Устав. 

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта