04 Мај, 2024
0.0315

Македонците со „сиромашен“ мобилен паричник

Објавено во: Финансии 27 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Искористеноста на безготовинското плаќање преку паметните телефони во моментов во Македонија не е на многу високо ниво. Во согласност со расположивите податоци од платежната статистика, кои се однесуваат на оваа област, за 2017 година вредноста на трансакциите извршени преку мобилен телефон за кредитен трансфер (вид безготовински платен инструмент) изнесуваа околу 3,7 милијарди денари или 0,2 отсто од вкупната вредност на електронски кредитни трансфери. Во 2016 година ова учество изнесуваше 0,1 отсто – посочуваат од Народна банка.

Тие додаваат дека во 2017 година износот на картично базирани плаќања што се вршат преку мобилни телефони изнесуваа само 15.424 денари што укажува на тоа дека има голем простор и можност за развивање во иднина.

Според Народна банка на Република Македонија, услугите на кредитен трансфер извршен преку мобилни телефони, во Македонија се нудат од 8 обезбедувачи на платежни услуги т.е. од 7 банки и еден посредник за микроплаќање, со користењето на нивните апликации.

– Покрај кредитниот трансфер, преку мобилните телефони може да се вршат и плаќања што се познати како картично базирани плаќања, при што мобилниот телефон е замена за платежната картичка и ова технички-технолошко решение се користи од мал број банки – појаснуваат надлежните од НБРМ.

Во многу земји од светот плаќањето преку мобилен телефон е секојдневие веќе десетици години. Според најновите прогнози до 2020 година, во Европа многу бесконтактни трансакции ќе се вршат токму преку паметен телефон. Анализите укажуваат на многу позитивни трендови на поголема употреба на овие плаќања, кои ќе надминат половина од сите електронски трансакции за две години. Во поголемите кинески градови како Пекинг и Шангај, повеќе луѓе користат мобилен паричник отколку вистински, пишува кинеската агенција „Ксинхуа“. 


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата