МАКЕДОНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ, ГРЦИЈА Е НА ПОТЕГ: Не се знае дали пратиле писмо до ЕУ и НАТО
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018
Пратениците во средата го ратификуваа историскиот договор со 69 гласа „ЗА“ без присуство на опозицијата. По ратификацијата во Собрание, договорот беше испратен кај претседателот Иванов, кој кажа дека нема да стави потпис.
Сепак има уште време да се предомисли бидејќи рокот е 7 дена.
Ако Иванов, не се премисли, како што најави, и го употреби правото на вето, договорот се враќа во собраниска процедура, но тогаш мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, поточно , минимум 61 пратеник мора да гласаат ЗА.
Договорот во тој случај повторно се враќа кај претседателот на поптис, а тогаш тој мора да го направи тој според Уставот.
Грција е на потег
Сепак од грчка страна нема нема информација дали го испратиле писмото до ЕУ и до НАТО со кое ги известува дека се отстранети препреките за намошната интеграција на земјава во Европската унија.
Македонија во средата испрати нота до грчкото МНР дека Договорот за спорот со името е ратификуван во Собранието на Република Македонија.
Согласно договорот, Грција по ратификувањето во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни, додека самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули.