05 Мај, 2024
0.0292

Македонија и Босна ја унапредија полициската соработка

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (22.09.) во Сараево во рамки на работната посета на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина  имаше работна средба со неговиот домаќин министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ , на која што беше договорена поинтензивна соработка во неколку области од заеднички интерес на двете министерства.

На прес конференцијата по средбата министерот Спасовски истакна дека  - “на денешната средба почнавме постапка за потпишување на Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за школување полициски службеници во Мостар и Центарот за обука во Скопје“, притоа потенцирајќи дека за да се има силна полиција важен сегмент е и образованието.

“Агенцијата за школување на полициски службеници во Мостар има солидна програма и наставен кадар кој ќе помогне при процесот на стекнување и дооформување на стручното образование на полициските службеници во Македонија“, изјави првиот човек на македонското МВР

Според Спасовски Центарот за обука во Скопје пак, постојано работи на унапредување на програмите и наставниот кадар и може да понуди соодветна обука според потребите на полицијата на Босна и Херцеговина.

Исто така Министерот Спасовски констатираше дека - “двете држави се изложени на дејствија на радикални групи и криминални организации, па унапредувањето на полициската соработка е од исклучително значење. Денеска беше договорено одржување на редовни состаноци на раководителите на единиците за меѓународна полициска соработка, на кои ќе се разменуваат информации, но и ќе се договараат заеднички операции и генерални планови за дејствување“, додаде Спасовски.

Од своја страна пак министерот Мектиќ изјави дека постојат заеднички безбедносни предизвици и потребна е соработка за нивно надминување. “Разговаравме и за заедничкото делување во регионални проекти. Имаме заеднички проблеми како трговијата со наркотици, мигрантите и слично така што можеме меѓусебе да си помогнеме“.

Инаку, на средбата се разговараше и за соработката во справувањето со тероризмот, затоа што само со меѓусебна соработка може да се одговори на ваквите сложени предизвици.

Република Македонија и Босна и Херцеговина во последниот период интензивно работат на зголемување на соработката. Овој месец во Скопје беше потпишан договорот за взаемно признавање на возачките дозволи, што е од големо значење и за граѓаните на Босна и Херцеговина и за граѓаните на Република Македонија, а надлежните министерства работат и на финализирање на договорот за влез на државјаните од двете држави со лични карти. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца