05 Мај, 2024
0.0236

Македонија ќе се поврзе енергетски со Бугарија, а и влог во Белене е опција

Објавено во: Економија 12 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Бугарски НЕК „Белене“ објави официјална покана до потенцијални инвеститори да вложат во нуклеарката. Огласот треба да заврши во почетокот на 2020 година, а најраниот датум за пуштање на централата е 2030 година. На овој повик можно е да учествува и Македонија, а за тоа најава имаше и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој во интервју за Фактор на почеткот на годинава рече дека се размислува македонската Влада да закупи дел од бугарската нуклеарна централа „Белене“ и на тој начин долгорочно да ги осигура снабдувањето и конкурентноста на пазарот на електрична енергија.

Во енергетиката не може да има прогрес без да се има долгорочна стратегија. Ние во моментов ја немаме, ама се изработува. Увозно сме зависни енергетски, а дома произведуваме само електрична енергија. Немаме нафта, гас, а немаме ни јаглен во бесконечни количини. ЕЛЕМ на времето призведувал седум тераватчасови електрична енергија сега произведува 4,2 терватичасови на годишно ниво. За Македонија најлогично беше да се поврзе со Бугарија. Откако ќе направиме „каплинг“, Македонија ќе има поевтина енергија и тоа ќе биде добро за сите компании. Би било паметно и да си закупиме ресурс. Тука го гледам „Белене“, нуклеарната централа како опција.  Ако најдеме сила можеме да станеме и сопственици на тој дел. Со „каплингот“ тоа нема да биде ни проблем - рече Анѓушев.

Бугарската влада во моментов го мотивира рестартирањето на проектот за нуклеарна централа Белене и бара надворешни инвеститори.

Инаку, пред осум години бугарскиот министер за економија му понуди на тогашниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, Македонија да се вклучи во изградбата на Белене. Тогаш Пешевски рече дека Македонија ќе ја анализира можноста за инвестирање во Бугарија и истото на тоа заврши. Вицепремиерот тогаш посочи дека треба да се направи детална и опсежна анализа пред државата да одлучи дали ќе инвестира во нуклеарната централа Белене во Бугарија, дали ќе гради сопствена нуклеарка на македонска територија или воопшто нема да се потпира на нуклеарна енергија. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години