Македонија останува во зоната на солиден раст
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 09:56
Народна банка оцени дека последниот квартал на минатата година упатува на опстанок на економијата на земјата во солиден раст.
НБМ ја задржа проекцијата на раст во 2015 од 3,2 одсто.
Како што се наведува во соопштението на Советот на НБМ, бруто домашниот производ во третиот квартал на 2015 остварил годишен раст од 3,5 одсто, што е во согласност со октомвриските проекции, иако стапката на раст е малку повисока од очекуваната.
Проектираниот раст на БДП во 2016 и 2017 изнесува 3,5 и четири одсто, при што, според централнбата банка, се очекува да главниот носител на растот бидат извозниот сектор и инвестициите, кои ќе дадат позитивен преносен ефект на пазарот на труд и додатно ќе ја поттикнат потрошувачката на домаќинствата.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




