19 Мај, 2024
0.0272

Македонија во чекор со светскиот тренд: Неформалното образование во подем

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Растот на тренинг центрите, академиите и останатите организации за неформално образование е тренд кој се наметна поради динамичниот развој на одредени индустрии, чии промени формалното образование во светски рамки несоодветно ги следи. Се работи за индустриите поврзани со напредни технологии, програмирање, социјални и дигитални медиуми, како и веб дизајн.

Seavus1

Брзо растечките индустрии, трансформираните пазари, наметнуваат иста динамика и во образованието.

Сличен е трендот и на македонскиот едукативен пазар. Академиите со тесно специјализирани смерови, имаат значителен раст на новозапишаните студенти. Студентите на овие академии варираат во однос на претходно професионално и академско искуство: од студенти кои се запишуваат веднаш по зврашувањето на средното образование, студенти кои го напуштаат или надополнуваат формалното образование, па се до среден и висок профил на професионалци кои ја менуваат професионалната насока.

Еден од најбрзо растечките едукативни центри во Македонија е Seavus Едукативниот и развоен центар, кој логистички и концепциски се потпира на експертизата на ИТ гигантот Seavus.

Едукативниот центар има три академии со интензивни едногодишни студии студии - Академија за програмирање, Дизајн и Компјутерски мрежи на кои во тековната 2014/2015 студираат 120 студенти на сите насоки.

Seavus 2

Она што програмата ја прави исклучително атрактивна се од една страна современите курикулуми, докажаните предавачи и експерти, чија задача е покрај пренесување на знаењето и мотивирање и инсоирирање на студентигте, понатаму одличните услови за учење и работа и најважното стремежот на центарот низ реални проекти и активности, а со тоа да ги подготвува идните професионалци за сите предизвици кои доаѓаат од бизнис средината.

Поаѓајќи од јазот што постои помеѓу потребата од експерти кај работодавците и недостатокот на подготвенсот кај дипломираните студенти, Seavus едукативниот центар развива персонализирана едукативна програма која од една страна го потенцира и насочува талентот на студентите, а од друга страна ги претвора во кадри подготвени за реална работа и развој.

Seavus 3

„Огромно е задоволството кога наши студенти се интервјуирани и регрутирани од познати домашни, па и странски компании уште за време на студирањето. Тоа е поттик и за останатите кои студираат, а најголем за нас, бидејќи тоа е доказ за квалитетот на програмата. Токму врската помеѓу образованието и индустријата е клучот за заемни достигнувања. Оваа важна спрега се трудиме да ја обезбедиме на уникатен и пред се забавен начин, преку секојневно приблиување на овие навидум различни света обезбедувајќи различни модели на менторирање“ објаснува Весна Ивановска, директор на Seavus едукативниот центар.

„Овогодинешната кампања е под слоганот “Be the difference, Маке а difference” кое подеднакво се однесува и на центарот како пионер кој донесе вистинска промена на пазарот на ИТ едукација, но и на нашите сегашни и идни студенти кај кои градиме култура на одличност, уникатност и револуционерност и препознатливост“.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата