24 Ноември, 2020
0.0230

МАКЕДОНИЈА ВО ТОП ПЕТ: Француски магазин ја препорачува земјава како место за одмор

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Француски магазин ја препорачува Македонија меѓу петте најдобри туристички дестинации за 2020 година. 

Се работи за магазинот АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, кој на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Македонија.

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Северна Македонија се затоа што таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети. 

АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција. Во топ пет овој пат е и црногорскиот град Котор. 

Во текст објавен минатиот месец, Македонија е во топ 10 дестинации. Во тој текст се наведува дека земјава има два милиони жители. Прикажана е и фотографија од клисурата во Демир Капија. 

На листата тогаш се најдоа и Бутан, Англија, Аруба, Швајцарија, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај. 

Можеби ќе ве интересира

Новинарите имаат дилеми за официјалната реторика на Софија

Новинарите имаат дилеми за официјалната реторика на Софија

ВЕЛЕС: Почината жена e пронајдена на улица

ВЕЛЕС: Почината жена e пронајдена на улица

Мухамед Зекири е избран за генерален секретар во Владата

Мухамед Зекири е избран за генерален секретар во Владата

Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Јавноста згрозена од фотографиите од Клиничката болница во Битола: Пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати

Јавноста згрозена од фотографиите од Клиничката болница во Битола: Пациенти примаат инфузија кревет до кревет со починати

Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“ и тврди дека тука нема ништо спорно

Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“ и тврди дека тука нема ништо спорно

Медицинска опрема и медицински кадар од „Аџибадем Систина“: Пациентите болни од ковид во новиот објект ќе се третираат по највисоки стандарди

Медицинска опрема и медицински кадар од „Аџибадем Систина“: Пациентите болни од ковид во новиот објект ќе се третираат по највисоки стандарди

Блокадата ќе ги забави бавните македонско - бугарски проекти

Блокадата ќе ги забави бавните македонско - бугарски проекти

Зошто иновацијата е клучот за иднината без чад: Примерот од Велика Британија

Зошто иновацијата е клучот за иднината без чад: Примерот од Велика Британија