29 Април, 2024
0.0258

Македонија2025 со силен придонес за економскиот развој фокусиран на младите

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Како поддршка на економскиот и општествниот развој на земјата, во текот на 2022 година, организацијата Македонија 2025 реализираше низа активности во насока на зајакнување на човечкиот капитал, едукацијата, усвојување нови вештини и знаења, јакнење на соработката и градење партнерства.

За да даде поголем придонес за развојот, во 2022 година, Македонија2025 ги прошири своите програми и активности. Во таа насока, имплементирани беа 30 програми во сегментите: развој на бизниси и конкурентност, поддршка на млади таленти и лидерство, подобрување на деловното окружување и градење партнертства и соработка. Преку програмата „Поддршката на бизнисите и конкурентноста“ беше реализирана обука за развој на бизнис и претприемништво - „Лидер“, а во соработка со Ајви бизнис школата од Канада одржани беа и мини-специјалистички (МБА) обуки за 33 млади претприемачи. Македонија2025 обезбеди менторство за младите претприемачи од искусни професионалци од земјата и странство, а седум мали и средни претпријатија добија експертска помош од Канада за развој на своите бизниси и настап на странски пазари. Преку онлајн платформата Connect2MK се поврза 12 македонски бизниси со македонски професионалци од дијаспората кои ги советуваа и менторираа, а на платформата се регистрирани 52 компании и 35 експерти. На овој начин организацијата придонесе претприемачите од земјава да добијат поддршка и да ја подобрат својата конкурентност и пристапот на пазарите. Преку Програмата за извршни директори - Зафировски, седум македонски бизнис лидери беа дел од престижната Келог школа за менаџмент.

За поддршка на младите кои треба да бидат идната движечка сила на општеството, преку програмата „Таленти денес-лидери утре“, беа доделени 10 стипендии за талентирани средношколци од социјално ранливи семејства. Организиран беше и натпревар за најдобри бизнис проекти на млади лица, а најдобрите предлози беа наградени. Организацијата го помогна и изборот и доделувањето на стипендии на 132 студенти на УКИМ од фондацијата „Атанас Близнакоф“. Дополнително, преку три различни програми, 300 млади луѓе ги развија или подобрија своите вештини за кодирање и роботика. Реализирани се и повеќе активности за промоција на СТЕМ-образованието кај над 300 млади девојки од Македонија, со цел намалување на родовите стереотипи и зголемување на родовата еднаквост.

Годинава успешно беше организирано и 11-тото издание на Самитот на Македонија2025 со над 600 учесници и 44 говорници, како платформа за поттикнување на економски реформи, регионално поврзување и вмрежување на бизнисите и дијаспората. Во насока на дефинирање на можностите за вклучување на дијаспората кон економскиот развој на Македонија, организирани беа и средби на 70 македонски професионалци кои живеат и работат во САД, во околината на Њујорк, Њу Џерси и Конектикат.

Македонија2025 во текот на годината даде активен придонес и кон важни економски теми во земјата, како што се: даночната реформа, намалувањето на бирократскиот товар, дизајнирањето на анти-кризни мерки за надминување на енергетската криза, активација на корисниците на гарантирана минимална помош, поддршка во подготовката на новиот Закон за работни односи и т.н. За организацијата особено се значајни и активностите во рамките на дигитална иницијатива МК25, каде со партнерите се работеше на развојот на идеи и програми за подобрување на дигиталните вештини на граѓаните и дигитална трансформација на бизнисите.

Следната година, преку постојните активности, но и преку надополнување со нови, организацијата ќе продолжи да дава значаен придонес за развој на иновативни вештини на младите, како и поддршка на процесот на дигитализација, подобрување на конкурентноста и намалување на корупцијата.

Од основањето до сега, Македонија 2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 3,5 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образованието и лидерството, донирани се 1,6 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 650 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа