МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЧЕЛО СО КОВАЧЕВСКИ ПАТУВА ВО СОФИЈА: Што е причина на посетата?
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2022
Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија ќе се одржи утре, во Софија.
По тој повод, владина делегација денеска ќе отпатува во соседна Бугарија.
Како што е најавено, на свечена церемонија, македонската страна ќе биде дочекана од бугарскиот премиер Кирил Петок во 16 часот.
На седницата, треба да стартува она што го договорија двајцата премиери при посетата на Петков во Скопје.
Тоа значи дека формираните четири работни групи ќе работат на интензивирање на соработката.
Со премиерот Ковачевски, имено денеска во Бугарија ќе патуваат вицепремиери Битиќи, Маричиќ, Груби и Грковска , но и Благој Бочварски и повеќемина од работните групи.