МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Во сообраќајка загина 20-годишен мотоциклист
Објавено во: Македонија 21 Август, 2023
Во сообраќајна незгода која се случила вчера предпладне животот го загуби дваеет годишен жител на Македонска Каменица.
Младиот И.К. кој возел мотоцикл излетал со моторот од коловозот, при што испаднал од моторот.
Од здобиените повреди тој починал на пат кон болница.
- На 20.08.2023 околу 11,40 часот било пријавено дека на ул.„Каменичка“ мотоцикл „хонда“, управуван од И.К.(20) од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот.
Моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(47) од Делчево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал.
Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција - се наведува во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Ова не е прва трагедија која ја погоди Македонска каменица. Пред неколку месеци, исто така млад жител на ова населено место загина во сообраќајна незгода во слични услови.
Имено, на 18 јуни животот го изгуби 28-годишник од Каменица, кој возел по локалниот пат Македонска Каменица - село Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С. изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Тој починал на местото на несреќата.