19 Декември, 2025
0.2807

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2024 00:37

Добивај вести на Viber

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го остават фолклорот на страна и ги повика на разум. 

„Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ“, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата ѝ треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.

„Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ“, рече Ахмети.

На прашањето дали со победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и каква опозиција ќе биде ДУИ, Ахмети одговори:

-Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина, рече Ахмети, но не објасни што значи неговиот одговор.

На новинарско прашање за коментар на победата на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да се почекаат финалните резултати од Државната изборна комисија.

„Им честитам на победниците на другата страна, околностите и времето работеле во нивен прилог, ги користеле сите моменти со или без право. Не правам анализа, но му честитам победа на Мицкоски. Утре е 9 мај и да го оставиме назад фолклорот и да се зафатиме за работа за стабилноста и иднината на државата. Ако се рационални, можеме процесите на стабилност и мир да ги гарантираме во нашата земја. Ние нема да правиме неодмерени движења. Очекуваме да се затворат резултатите, сè уште не се објавени финалните резултати. Откако ќе се објават резулатите официјално, тогаш да размислуваме за работите што нè чекаат во иднина“, рече Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот