27 Април, 2024
0.0280

Македонската компанија Brainster започнува со работа во Виена

Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Новонастанатата ситуација, така сѐ уште ја нарекуваме, е факт. Ова е реалноста. Се случува сега и треба да анализираме, да размислуваме, да пробаме да го предвидиме влијанието. Но, целосните последици од влијанието на пандемијата нема да бидат познати во наредните месеци – можеби години. Но тоа што е сигурно, компаниите треба да продолжат да инвестираат, да отвараат работни места, да пивотираат, да се прилагодуваат а со тоа да придонесат кон закрепнување на економијата во нашата држава. 

Македонската компанија за едукација Brainster од неодамна започна со работа во Виена. Од своите стартап почетоци во 2015та година, Brainster порасна во заедница од 9000+ алумни, 150 инструктори експерти во својата област, и широка мрежа од 300 партнерски компании.

“Ги усовршуваме програмите и методологиите за учење на дигитални вештини веќе 5 години. Соработувајќи со експерти од индустријата и одблиску набљудувајќи ги сите фази на процесот на учење, направивме голем локален импакт кон подготовка на кадрите за дигиталната економија. Нашата мисија сега е глобална - Виена е само почеток на нашите чекори за експанзија на нови пазари во Европа и Азија за 2021та.” вели Петар Ниновски, основачот на Brainster.

Во Македонија, експанзијата значи нови отворени работни позиции во тимот на Brainster, како и други можности за вработување, вмрежување, бизнис и консултации како последица на интернационалната мрежа и експертиза. Сите дипломирани студенти, моментални студенти, и оние кои ќе се запишат на октомврискиот уписен рок, ќе добијат доживотен пристап до платформата и програмата за континуирано учење. Можностите ќе продолжат да се прошируваат со пристигнувањето на Brainster во нови градови.

Во 2020-та година засекогаш се промени начинот на кој луѓето живеат, работат и учат. Компаниите низ светот работат на тоа да ја забрзаат дигитализацијата за да ја пресретнат глобалната трансформација, имајќи потреба од кадри со дигитални и технички вештини. Тимот на Brainster одлучи да се фокусира на тоа да ги направи овие дефицитарни вештини достапни за секого, придонесувајќи кон изградба на заедници од иднината, подготвени да се соочат со предизвиците на новиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“