27 Април, 2024
0.0282

Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на вонредна состојба, Владата донесе уредбасо законска сила за примена на електронски фактури. Со уредбата, која е донесена како мерка за превенција, ќе се избегне изготвувањето и доставата на фактури во хартиена форма и ќе се поттикне електронското плаќање од дома без непосреден контакт.

Согласно оваа уредба, Македонски Телеком ги известува корисниците на мобилни услуги и
Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за месец март преку SMS порака.
Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.

На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.

Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.

Дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.

Електронските сметки можат брзо и едноставно да се платат од дома: онлајн на telekom.mkили преку Telekom MK App со платежна картичка.

Со приемот на електронските фактури, корисниците ги задржуваат истите права и обрски, но и покрај ова, доколку корисниците сакаат да продолжат да примаат сметка во хартиена форма, во рок од 10 дена по примањето на ова известување, треба да нè контактираат на  148 888.

Oстанете дома и плаќајте ги сметките дигитално.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“