06 Мај, 2024
0.0241

Макпетрол реагира на изјавите на Тунески: Недолично се заканува, треба да биде разрешен од Регулаторна

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Макпетрол АД е изненаден од нападите изнесени од членот на РКЕ, Атанаско Тунески кој во изјава за емисијата „КОД“ на ТВ Телма, реагираа денеска од компанијата. Велат дека Тунески со недолични зборови искажал закани кон компанијата и додаваат дека ова недолично однесување на висок функционер е недозволиво.

„Овие негови неконтролирани изјави и постапки покажуваат зошто Тунески не смее да биде член на РКЕ. Од неговата изјава очигледно е дека тој има нешто против конкретна енергетска компанија. И не е дозволиво член на регулаторно тело така да издвојува и да напаѓа компании. Самото тоа е доволно да биде итно разрешен. Овој настан фрла сенка врз дигнитетот на РКЕ и не доведува нас компаниите во недоумица дали треба да се плашиме да пријавиме конфликт на интереси, велат од Макпетрол.

Минатата недела членот на РКЕ, Атанаско Тунески даде изјава со која потврдува дека е против либерализација на пазарот на нафтени деривати и од Макпетрол велат неосновано ја оцрнувал работата на компанијата.

„Либерализацијата на пазарот е всушност најдобар начин да се заштитат интересите на потрошувачите, бидејќи конкуренцијата ќе донесе и подобар квалитет и поголема економичност. Како компанија очекувавме реакција на сите релевантни државни институции, но во нејзино отсуство јавно прашуваме: Што ќе превеземат институциите во однос на ова дискриминаторно и непрофесионално однесување со кое директно се нарушува угледот на Макпетрол АД од страна на јавен функционер? Ваков однос на државен функционери е недозволиво и ја руши довербата во институциите кои треба да работат во функција на граѓаните, но во исто време не смее да наштетуваат на бизнис секторот поради лични интереси, велат од Макпетрол

Додаваат дека очекуваат брза реакција на надлежните институции.


Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК