29 Април, 2024
0.0281

Макрон ќе овозможи старт на преговори, но има и услов

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да ги почнат разговорите за пристапување во Европската унија доколку следниот месец извештаите на Европската комисија за двете земји бидат позитивни, јави Ројтерс.

Макрон ова го изјави на 56. Минхенска безбедносна конференција, со што навестува дека ќе го одмрзне напредокот на двете балкански земји кон членството во ЕУ и ќе ги увери другите европски лидери дека Франција сè уште го поддржува проширувањето на ЕУ.

„Го чекаме извештајот (на Европската комисија) во март… во зависност од тоа, ако резултатите се позитивни и ако се воспостави доверба, тогаш треба да бидеме во позиција да ги започнеме преговорите“, рече Макрон на конференцијата.

Тој вели дека процесот мора да биде јасен и реверзибилен. 

Наведе дека ако сакаат да го интегираат Западен Балкан во ЕУ, мора да се вложува во инфраструктура, култура, јазик. Макрон вели дека земјите од Западен Балан ќе бидат дел од ЕУ, но само ако ги исполнат условите, и тоа мора јасно да се каже. 

Макрон одби да го одобри почетокот на пристапните преговори на самитот на ЕУ во октомври, наведувајќи дека процесот за прием на нови членки треба да се промени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање