31 Мај, 2024
0.1630

Мал, но моќен: поздравете го потполно екектричниот мал SUV Volvo EX30!

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Како мал SUV што прави големи Volvo работи, нашиот нов, потполно електричен Volvo EX30 е дизајниран да биде безбеден онолку колку што очекувате од нас. Дизајниран е да има најниска емисија на CO2 од кој било автомобил на Volvo досега и да го направи животот на луѓето побезбеден, попрактичен и попријатен преку врвната технологија и скандинавскиот дизајн.

EX30 е денеска претставен на светот во Милано, Италија и е достапен за нарачка веднаш на одредени пазари*. Тоа е нашиот прв мал премиум SUV кој ја проширува нашата се поголема, потполна електрична понуда на четири модели. Како што пазарот брзо се движи кон потполна електрификација, EX30 ќе ни помогне да ја фатиме растечката побарувачка за потполно електрични автомобили во сегмент кој брзо расте.

Понатаму, атрактивната цена на автомобилот EX30 – која започнува од околу 36.000 евра – значи дека нашите клиенти добиваат премиум, потполно електричен SUV по слична цена на еквивалентни возила со мотор со внатрешно согорување. EX30 ќе биде достапен и со нашиот претплатен пакет Care by Volvo, со фиксни цени и транспарентен процес на нарачки, така што нарачувањето е сосема лесно.

„Целосно електричниот EX30 можеби е нашиот најмал SUV досега, но тоа е голема работа за нашите клиенти и голема работа за нас како компанија“, рече Џим Роуан, нашиот генерален директор. „Сакаме да кажеме дека EX30 е мал, но моќен, затоа што испорачува се што сакате од Volvo автомобил, но во помало издание. Како и секое Volvo, тој е извонреден производ кој е безбеден и дизајниран за луѓето и нивните потреби.

EX30 претставува олицетворение на сите наши дизајнерски вредности во помал формат. Долгото меѓуосовинско растојание, големите тркала и еднаквите настрешници напред и назад носат рамнотежа и префинетост на надворешноста. Очигледно е електричен, со сигурна решетка, затворен штит и дигитална претстава на фаровите во форма на чеканот на Тор. Пет живописни надворешни бои, од елегантната Cloud Blue до светлата и експресивнаMoss Yellow– инспирирана од лишаите што растат на карпите долж западниот брег на Шведска – му даваат карактер и личност.

Технологија на батерии според вашите потреби

Ајде да зборуваме за нашата технологија на батерии. Како прво, кога зборуваме за струја, не постои нешто како обична „батерија“. Наместо тоа, Ви даваме слобода да ја изберете технологијата на батерии што одговара на Вашите потреби, што значи дека за EX30 нудиме три опции за погонски систем и два различни типа на батерии. Ова исто така ни овозможува да понудиме атрактивна почетна цена за EX30.

Ако поголемиот дел од времето го поминувате во град или патувате во пократки растојанија помеѓу полнењата, нудиме опција со еден мотор и LFP батерија. Батеријата LFP со стандарден опсег користи литиум, железо и фосфатна технологија, е поисплатлива и бара помалку ресурси за производство, што значи дека е најдобрата опција ако не Ви треба максимален опсег.

Ако сè уште сакате максимален опсег, ваша опција за EX30 е варијанта со продолжен опсег, со еден мотор со NMC батерија со продолжен опсег. Батеријата NMC содржи литиум, никел, манган и кобалт и генерира енергија поефикасно од варијантата LPF. Опцијата со еден мотор и продолжен опсег Ви овозможува максимален опсег од 480 километри помеѓу полнењата.

Конечно, ако перформансите Ви се приоритет, изберете ја варијантата со два мотори и одлични перформанси, во која NMC батеријата ја спојуваме со дополнителен втор електромотор. Оваа варијанта со погон на сите тркала на EX30 испорачува 315 kW (428 КС) и забрзува од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди – тоа е официјално најдоброто забрзување во кој било од нашите автомобили во историјата!

Друга предност на автомобилот EX30 е брзото полнење. Варијантата со два мотора и со продолжен опсег има капацитет за полнење до 153 kW, додека автомобилот со стандарден опсег има капацитет до 134 kW. Ова значи дека можете да ја наполните батеријата од 10 до 80% за нешто повеќе од 25 минути. Преку централниот екран на автомобилот и апликацијата, можете да ја видите јачината на струјата во ампери, максималното ниво на полнење и времето кога сакате да започнете со полнење.

За да обезбедиме најдобро возможно искуство во возењето, ја приспособивме шасијата на EX30 за да го искористиме максимумот од неговите компактни димензии. Неговиот низок центар на гравитација, како и релативно малата и рамномерно распределена тежина, ја надополнуваат леснотијата на возење и маневрирањето во и надвор од градот.


Помал јаглероден отпечаток, но големо влијание врз безбедноста

Како што пишувавме во претходните блог постови, EX30 е дизајниран да има најмал јаглероден отпечаток од кој било автомобил на Volvo досега и е важен чекор напред за нашите амбиции во врска со одржливоста. Со справување со емисиите во текот на целото производство и животниот циклус на автомобилот, како и со разумна употреба на материјали внатре и надвор, успеавме да го намалиме неговиот вкупен јаглероден отпечаток во текот на возење од 200.000 километри на помалку од 30 тони*.

EX30 е дизајниран да биде безбеден како што очекувате од еден Volvo автомобил и има за цел да ве заштити Вас и другите во раздвижени урбани средини. На пример, во стандардната опрема има специјална безбедносна функција за велосипеди, што спречува несреќи при удирање на вратите, со тоа што ве предупредува кога ќе ја отворите вратата веднаш пред велосипед, скутер или тркач.

Нашата заштитна безбедносна технологија дополнително илустрира како применивме високи безбедносни стандарди на новиот мал SUV. Се одликува со најсовремена технологија за безбедност, како и супериорна конструкција која ги задоволува нашите амбициозни барања за внатрешна безбедност – дизајнирана да ги подготви нашите автомобили за различни сценарија од реалниот свет.

EX30 исто така се стреми да го направи Вашиот живот практичен, релаксиран и пријатен во внатрешноста на автомобилот преку врвна технологија и практичен скандинавски дизајн. Можете да изберете еден од четирите различни ентериери со посебни изрази, а низ целата внатрешност има паметни решенија за складирање.

Контекстуално корисничко искуство на еден екран, вграден Google и најновата верзија на нашиот систем за информации и забава - овие карактеристики ги рефлектираат основите на Volvo дизајнот.


Кога сме кај најсовремената технологија: Volvo EX30 е нашиот прв автомобил со новата генерација на нашата популарна функција Park Pilot Assist. Може да се справи со сите видови паркинг места, вклучително и паралелни, закривени под агол од 90 степени и коси, што го олеснува паркирањето во тесни места.

Новиот „Park Pilot Assist“ ќе ги идентификува сите достапни места за паркирање околу вас. Потоа, откако ќе го допрете тоа што го сакате во новиот 3D кориснички интерфејс, функцијата ќе ги контролира педалите за гас и сопирачките, како и воланот. Додека го следите процесот на паркирање, екранот го прикажува растојанието до предметите како што се автомобили, ѕидови и столбови во метрички или империјални единици.

Како и со секој автомобил на Volvo, за EX30 тесно соработувавме со технолошки партнери како Google, Apple и Qualcomm за да го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Исто така, тесно соработувавме со ECARX преку заедничко софтверското претпријатие HaleyTek за да обезбедиме најдобра можна платформа за информации и забава за нашите клиенти.

Чувство на спокој

Се разбира, EX30 исто така има и функционалност со дигитален клуч што е погодна за Вас и го олеснува споделувањето на автомобилот со другите. Изградена на напредните индустриски стандарди на UWB и CCC, нашата технологија ќе биде компатибилна со широк спектар на брендови и модели на телефони.

Посебната апликација за автомобил ги содржи сите релевантни услуги поврзани со автомобилот, од полнење до наоѓање на автомобилот на зафатен паркинг, негово заклучување и загревање во текот на еден студен зимски ден. EX30 е подготвен и за автоматско ажурирање на софтверот што ќе го подобри со текот на времето.

Ако тоа не е доволно, Volvo EX30 исто така има избор од пет различни теми за амбиентално осветлување. Секоја од нив е инспирирана од различен скандинавски пејзаж и суптилно ги менува боите, што внесува чувство на спокојство во внатрешноста.

Без разлика дали повеќе сакате топла сончева светлина која проаѓа низ лисјата на скандинавската шума, зајдисонце на западниот брег на Шведска, светски познатите северни светла, златното небо на шведското лето или ведрото расположение на урбаното зајдисонце, Вашиот EX30 ќе биде исполнет со бои по ваш избор. За дополнително уживање, секоја тема на осветлување можете да ја искомбинирате со амбиентален звучен пејзаж.


Возење низ омилените места со стил

Конечно, имаме изненадување за Вас. Од следната година, нашиот EX30 ќе биде достапен и во верзијата Cross Country. Нарачките за оваа специјална верзија на нашиот мал електричен SUV ќе започнат од 2024 година, а производството се очекува да започне на крајот на истата година.

Volvo EX30 Cross Country ќе се базира на нашето долгогодишно наследство на Cross Country, нашата прославена линија на модели за клиенти кои сакаат малку повеќе авантура од самиот автомобил. Ќе има голем број на карактеристики по мерка како што се поголемо растојание од земјата, 19-инчни црни тркала и опција за 18-инчни тркала со гуми по мерка.

Кога ќе тргнете со EX30 Cross Country надвор од урбан пат, тој ќе биде препознатлив по предната, страничната и задната заштита на долниот дел од каросеријата, специјалните црни таблици на предниот браник и вратата од багажникот, како и елегантната ознака Cross Country – мала претстава на шведското знаме која се монтира на хаубата и е круната на сето ова.

Погледнете го нашиот генерален директор Џим Роуан како го прикажува новиот EX30 овде:


Мали букви

Volvo EX30 е достапен за нарачка од денес низ цела Европа и други избрани пазари. Во Соединетите Американски Држави, клиентите можат да прават пред-нарачки, додека можноста за нарачки ќе се отворат на други пазари во подоцнежна фаза, која ќе биде објавена во скоро време.

Пресметката на емисијата на јаглерод за помалку од 30 тони во текот на возење на 200.000 километри се заснова на употребата електрична енергија за полнење од мешавината на електрична енергија на ЕУ27. Тврдењето за најниско ниво на јаглерод од било кој автомобил на Volvo досега се однесува на глобално достапни производи со над 200.000 километри возење.

*Времето на полнење зависи и од фактори како што се надворешната температура, моменталната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот.

Опсег според реалниот WLTP циклус на возење под контролирани услови за нов автомобил. Вистинскиот опсег може да варира. Бројките се засноваат на прелиминарна цел.

Функционалноста на дигиталниот клуч е во зависност од компатибилноста со телефонот. Технологијата базирана на UWB треба да се имплементира следната година преку автоматско ажурирање на софтверот (over-the-air).

Функциите и услугите може да не се достапни на сите пазари и може да не се стандардни за сите пазари или за сите модели.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КРКА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ФЛЕБИ – БЕСПЛАТНО ДИГИТАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗДРАВИ ВЕНИ И НАВИКИ

КРКА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ФЛЕБИ – БЕСПЛАТНО ДИГИТАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗДРАВИ ВЕНИ И НАВИКИ

Новите модели на MS Energy ја менуваат дефиницијата за современа електрична мобилност

Новите модели на MS Energy ја менуваат дефиницијата за современа електрична мобилност

Шпаркасе Банка пионер во имплементација на платформата Отворено банкарство

Шпаркасе Банка пионер во имплементација на платформата Отворено банкарство

Патувајте удобно и сигурно со Mastercard World Debit од Халкбанк

Патувајте удобно и сигурно со Mastercard World Debit од Халкбанк

МТЕЛ станува официјален партнер на Пасворд Продукција

МТЕЛ станува официјален партнер на Пасворд Продукција

Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев Кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот

Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев Кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот

За оваа работа во Македонија нудат и до 1 000 евра бонус за добредојде: Се бара само 1 услов, а може да се работи и од дома!

За оваа работа во Македонија нудат и до 1 000 евра бонус за добредојде: Се бара само 1 услов, а може да се работи и од дома!

Крушево: Вашата следна дестинација за планински велосипедизам! Бесплатно изнајмување на велосипеди, секој викенд, цел јуни!

Крушево: Вашата следна дестинација за планински велосипедизам! Бесплатно изнајмување на велосипеди, секој викенд, цел јуни!

East Gate Mall и групацијата LPP донираа матурски комбинации на социјално ранливи средношколци од Скопје

East Gate Mall и групацијата LPP донираа матурски комбинации на социјално ранливи средношколци од Скопје