15 Мај, 2024
0.0274

МАЛИТЕ ТРГНУВААТ В УЧИЛИШТЕ: СЗО препорачува да не носат маски

Објавено во: Македонија 23 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Помладите деца не треба да бидат присилени да носат маски, велат експертите.

Децата постари од 12 години треба да носат маски секогаш кога возрасните ги носат, на пример во толпа, како алатка за борба против ковид-19, соопштија агенциите за здравство и агенцијата за права на децата при ООН во упатствата што ги подготвиле за властите.

Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ не препорачуваат деца на возраст меѓу шест и 11 години да носат маски, но тоа треба да се земе во предвид во области со интензивна стапка на пренесување на вирусот и во посебни прилики како што се училиштата.

Сепак, постојат ситуации кога маските можат „значително да пречат во процесот на учење и да имаат негативно влијание врз важните училишни активности“, истакнаа меѓународните експерти кои ги скицираа упатството, а пренесува порталот „Индекс“.
Според нив, помладите деца не треба да бидат присилени да носат маски, особено затоа што не можат да ги стават и да ги отстрануваат од своето лице на соодветен начин.

Група експерти велат дека децата до пет години треба да бидат под постојан надзор доколку носат маски.

- Децата исто така треба да бидат сослушани во согласност со нивната перцепција и сите проблеми во врска со носење маска - истакнаа тие.

Транспарентниот визир нуди помала заштита од ткаенината што ги покрива устата и носот, според упатствата.

Според информациите собрани низ целиот свет, само околу 1 до 7 проценти од сите лица во светот позитивни на ковид-19 се деца и млади под 18 години.

Извор Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“