„Малку е да се каже дека Македонија стана дувло на нечесни, несовесни, криминогени суштества“: академик Кулавкова по трагедијата во Кочани

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 17:33
Малку е да се каже трагедија за ова што ноќеска се случи во Кочани, во шупата наречена диско;
Малку е да се каже дека им се случил пекол наместо живот на 70 (?) убави млади луѓе;
Малку е да се каже дека стотици семејства се уништени;
Малку е да се каже дека ни во војна не гинат толку бесмислено и толку одеднаш, толку невини;
Малку е да се каже дека Македонија е опасно место за живеење;
Малку е да се каже дека Македонија стана дувло на нечесни, несовесни, криминогени суштества;
Малку е да се каже дека Македонија е проколната, инаку како да се сфати тоа што со невидена мрачна „леснотија“ гинат Македонците, во пожар и по патиштата, од загаден воздух и лоша храна;
Малку е да се каже дека ништо не е случајно, ништо не е без причина;
Малку е да се каже дека останавме сите без збор!
Туку бар некаква поука да извлечеме за отсега па натаму: поважен е животот на луѓето од било какви политички илузии за интеграција, од било какви ефемерни интереси на среброљупците и властољупците...
Не, нема збор за утеха, само го молам Бога и ги молам луѓето да спасат што може да се спаси и да помогнеме сите со она што можеме да помогнеме!
ДЛАБОКО СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ И НАСТРАДАНИТЕ.
Можеби ќе ве интересира
ПРОТЕСТ ДЕНЕС ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат конкретни промени

Пренесени првите пациенти со бугарскиот воен авион„Спартан“, Бугарија нуди сместување и за членовите од потесните семејства

Српски воен авион полета со 12 повредени кон Белград

СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА И ПОД ПОСТОЈАНА МЕДИЦИНСКА НЕГА - Министерството за здравство со информација

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ИЗРАЗУВА ЦЕЛОСНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СОРАБОТКАТА СО НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ: Еве што велат од министерството

ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ПОСТАПКА НА ПРОВЕРКИ ЗА 11 ЛИЦА, ТРИ ОД НИВ СЕ ВО БОЛНИЦА ВО ПОТЕШКА СОСТОЈБА - ова се најновите детали

Градоначалникот на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ се сокри во дупка, ја откажал прес-конференцијата

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ НА НАСТРАДАНИТЕ КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ВО СОЛУНСКАТА БОЛНИЦА: Наша сограѓанка остави телефонски број да ја контактираат
