МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра
Објавено во: Економија, Балкан 04 Јули, 2024 16:48
Најскапиот квадрат на Јадранот е во Бале со просечна цена од близу 5.000 евра.
Kaко што објавија хрватските даночници, најскапиот квадрат на Јадранот е во малото истарско гратче Бале во близина на Ровињ.
Овој податок ги изненади и Хрватите, затоа што се работи за место со само 1.300 жители. Лани таму се продадени 15 станови по просечна цена од 4.839 евра за квадрат.
Како што јави ХРТ, во ова место сè повеќе се доселуваат млади брачни парови кои градат или купуваат куќи, сметајќи го идеално за одгледување деца. Луксузните објекти ги привлекуваат странците.
Градежните дозволи во Бале се издаваат за само неколку дена. Општината може да се пофали со ефикасна бирократија и одлична локација, пренесува ХРТ.На Бале нема многу станови и преголема градба, а бројот на туристички легла е намален од десет илјади на четири илјади.
Даночната управа на Хрватска лани забележала речиси 29.000 продажби на станови низ целата држава, што е намалување за 6,9 отсто во однос на претходната година.
foto Wikipedia/Atbc
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




