МАМО, ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО МОРЕТО? КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА КОН ГРЦИЈА И ДЕНЕСКА: Децата најнестрпливи, луѓето нервозни
Објавено во: Македонија 20 Август, 2023
И утринава на
македонско-грчката граница има два километри долга колона возила. Сведок за
Фактор вели дека се редат во четири реда но ситуацијата е “тргни-застани“.
-Чекаме повеќе од два часа. Се си работи најрегуларно, нема од оние изговори „системот ни се закочи“, или „компјутерите не работат“. Не, едноставно има огромна гужва, има огромен број возила од Србија и тоа е причината зошто волку се чека.
Веќе сме
наредени во четири реда, но колоната кон Грција е е најмалку два километри во
Македонија, вели нашата соговорничка.
Патува со децата и како што појаснува, тие се всушност најнестрпливи, додека нервозата е повеќе очигледна кај возачите.
-Децата постојано прашуваат, кога ќе стигнеме, уште колку има до морето. Се надевам дека скоро ќе поминеме, вели таа.
ФОТО: Фактор