03 Мај, 2024
0.0284

Манчевски ги објави имињата на напаѓачите, сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Дамјан Манчевски, пратеник и потпретседател на СДСМ, денеска на прес-конференција изјави дека мора да одговараат нарачателите на насилството во Собранието.

Тој даде детали за тоа кои се насилниците кои ги нападнаа пратениците. 

Манчевски вели дека ќе одговараат и директните извршители, но уште поважно ќе одговараат и оние кои го нарачаа обидот за убиство во Собранието. 

ОЈО, МВР и надлежните институции мора да водат јавна и транспарентна истрага со цел да се откријат големиот број на злосторници кои беа учесници во овие настани, додава пратеникот. 

„Од снимките граѓаните масовно ги препознаваат извршителите на Груевски, Мијалков, Чавков и Велјановски. Сите до еден им беа познати на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Сите до еден се дел од партиските структури на ВМРО ДПМНЕ. Директори на јавни претпријатија, раководители на сектори, вработени во МВР, вработени во јавни претпријатија и многу други коишто примаат плата од државата. Но, во Собранието беа пратени за да извршат обид за убиство и тешки криминалци и убијци. Станува збор за организирано сценарио на режимот во распад. Ова е Димче Христоски - Жабата од Прилеп, поранешен припадник на „лавовите“, осуден за двојно убиство во јули 2005 на манифестацијата „Пиво фест“. Една од неговите жртви е и дете. Овој човек го повреди претседателот Зоран Заев. На оваа фотографија јасно може да се види еден од напаѓачите на Радмила Шекеринска. Димитар Пецов од Струмица. Овој на сликата со усташките симболи е Игор Југ, претседател на тн. МПЗ „Владо Георгиев Черноземски“ осуден за силување, убиство, дрога и физички напад. Како што може да се види на снимките еден од оние кои непречено од полицијата ги насочуваат насилниците е и Никола Митревски Кољо, три пати осудуван на казна затвор и десна рака на Александар Василевски Нинџа. Двајцата познати насилници на ВМРО ДПМНЕ. Истиот учествуваа и во нападот над нашиот пратеник Мухамед Зекири. Овој насилник, лево на оваа фотографија е Аднан Мемед- шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам. Го има по балови со Сашо Мијалков. Ова е Горан Ангелов од Велес, дел од таканаречените патриотски здруженија тесно поврзан со Илија Димовски. Ова е Предраг Петрушевски Бинго, под контрола на Јохан Тарчуловски“ - вели Манчевски. 

Тој наведува дека во Собранието биле и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО, за лажни лични карти, Митко Михајловски- Џачката, вработен во МВР, Андреј Илиев, потполковник во АРМ, Мартин Стојановски, вработен во Агенција за потикнување на развојот на земјоделството, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Александар Атанасов и други лица чии имиња  дополнително ќе бидат објавени.. 

„Најважно од `се е пред лицето на правдата да излезат и нарачателите Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков, кои се обидоа да предизвикаат меѓуграѓански, меѓуетнички судир, државен удар и да предизвикаат основа Иванов да прогласи воена состојба. Тоа беше нивното сценарио што го пресретнавме. Покажавме разум и никогаш нема да им дозволиме да предизвикаат војна“ - изјави Манчевски. 

Пратеникот рече дека институциите, вработените во нив, граѓаните, сите имаат должност да ја сфатат својата одговорност во овие историски моменти за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи