Мандатот на Груевски „во раце“ на неговите сопартијци
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2019
За да остане без пратеничкиот мамндат бегалецот Никола Груевски позитивно ќе треба да се изјаснат и пратениците од ВМРО ДПМНЕ.
Иако тие сметаат дека нивниот почесен претеседател не е бегалец, дадоа зелено светло Собранието да расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
Расправата ќе се одржува на пленарна седница која според дел од медиумите ќе се одржи на средината на месец јуни за кога се очекува и владината реконструкција.
Поради непојавување и неоправдано отсуство Груевски може да остане без пратеничкиот мандат, а дали ќе се случи тоа зависи и од пратениците од ВМРО ДПМНЕ чии гласови ќе бидат дефинитивно пресудни.