04 Мај, 2024
0.0279

МАРИЧИЌ КАЖА „ДОГОВОРЕНАТА РАМКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВА“: Процесот може да се искомплицира и само ќе ја јакне позицијата на Бугарија

Објавено во: Македонија 19 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас, истакнува во интервју за Рацин.мк вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Договорот не е направен по „бугарски диктат“. Напротив, сме постигнале Договор со кој сме го извлекле максимумот и кој сме го преговарале во наша полза, со што успеавме да ги ставиме во една рамка барањата и обврските од двете страни, и македонските и бугарските, вели тој.

Додава дека нашата преговарачка рамка го заштитува македонскиот јазик, идентитетот, со што, вели, успеавме бугарските прашања да не станат европски и да не ја доведуваат во прашање европската иднина на Северна Македонија.

-Обврските се опишани во преговарачката рамка и тоа се обврски кои што ние сме ги прифатиле за достигнување на стратешката цел до 2030 година, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Нашите главни барања во договорот се исполнети и затоа не постои ниту еден аргумент дополнувањето на македонскиот Устав да се нарекува бугарски диктат – не, тоа е европски предлог и зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година, посочува Маричиќ.

Дециден е дека нема да има подобра рамка нема да има. - Тоа цела ЕУ ни го кажува, тоа го знаеме и ние самите и секој којшто вели поинаку не сака да ја види нашата држава во ЕУ. Подобар Договор од овој кој го имаме не може да се постигне, со овој сме во поволна позиција од која може лесно и безболно за нашите национални интереси да се поентира  и да се загарантира европската перспектива, наведува Маричиќ.

-На ВМРО-ДПМНЕ многупати досега им е кажано од страна на нашите европски пријатели, високи претставници од државите членки на ЕУ, дипломатите во земјава, европратениците дека преговарачката рамка не може да се репреговара и дека не е можен нов Договор, истакнува Маричиќ.

Вели дека репреговарање на рамката која што е веќе договорена и усвоена лани, на првата Меѓувладина конференција не може да има и не можеме да ја менуваме.

-Дури и да замислиме дека тоа е можно нема да биде подобра од оваа, бидејќи не се исти ниту атмосферата, ниту околностите сега, а и барањата на Бугарија сигурно нема да бидат истите. Треба да бидеме искрени и реални дека немаме друга можност освен оваа, која ни овозможува преземените обврски да ги реализираме на реципрочна основа, со меѓусебно разбирање, толеранција и разумни компромиси, кои не задираат во нашата историја и идентитетски обележја, вели вицепремиерот.

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите