18 Мај, 2024
0.0313

Марихуаната запленета кај Отовица требала да заврши во Турција

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Oтворена е истрага за недозволена трговија со марихуана. 

Oсновното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице од Скопје на возраст од 46 години за кривично дело –Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот со автомобил неовластено пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 50.883,3 грама од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Турција.

„На 26 октомври тој отишол во Корча, Република Албанија каде го оставил автомобилот на лица со кои претходно бил договорен и кои во автомобилот сместиле вкупно 67 пакувања марихуана во задниот багажен простор на местото за резервна гума, во резервоарот и во специјално изработени простори под седиштата. Со вака спакуваната и сместена наркотична дрога, на 1 ноември осомничениот со автомобилот преку граничниот премин Стење влегол во земјава и се движел кон Скопје со намера од таму да замине кон Република Турција. Но, на наплатна станица Отовица на делницата Велес-Скопје бил сопрен од овластени полициски службеници и при извршен претрес на автомобилот, наркотичната дрога е пронајдена и одземена“, соопштија од ОЈО. 

Имајќи предвид дека осомничениот е повеќекратен извршител на кривични дела, а издржувал и долгогодишна затворска казна во Република Албанија, Основното јавно обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор.​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8