Марин Ле Пен се повлече од претседателската функција во партијата
Објавено во: Свет 25 Април, 2017
Францускиот кандидат за претседател Марин Ле Пен најави дека се повлекува од функцијата претседател на партијата „Национален фронт“, соопштува BBC.
Таа донела оваа одлука само ден откако стигна до вториот круг против центристот Емануел Макрон.
Марин Ле Пен изјави дека одлуката е донесена како верување дека претседателот на републиката треба да ги обедини сите граѓани. Во неделата таа го постигна нејзиниот највисок резултат на претседателските избори до моментот со 7.6 милиони гласа.
„Ќе бидам над партиските размислувања“, коментира пред француска телевизија Ле Пен, која додаде дека земјата се приближува кон „решителен момент“.
Не е јасно дали одлуката е конечна откако таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен во почетокот на 2011 година.
Коментари на темата се дека одлуката е повеќе симболична и има за цел да стигне до избирачите на отпаднатите по првиот круг кандидати, особено оние на на Франсоа Фијон. Против Ле Пен е практично единствениот проевропски кандидат - познатиот до неодамна поранешен министер за економија Емануел Макрон. Токму него го поддржаа речиси сите кои отпаднаа во трката за Елисејската палата.