Масовни апсења на Бугари во Шпанија
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2016
Бугари се приведени за шверц на цигари.
Во Шпанија уапсени се 20 Бугари при масовни апсења поради шверц на цигари. Ова беше заедничка акција на бугарските и шпанските служби. Уапсените се обвинети за вмешаност во криминална шема за производство и трговија со цигари.
Разбиени се три илегални фабрики. Вредноста на пронајденото производство се проценува на над еден милион евра. Барем уште толку чини опремата на илегалните фабрики. Целата организација на криминалната група била во рацете на бугарските државјани што живеат во Шпанија. Покрај 20 Бугари се уапсени и двајца Шпанци. Сите се товарат за злоупотреби против индустриската сопственост и даночни прекршоци, како и за перење пари.