Маж со пиштол упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2019
Бранко Л.(42), црногорски државјанин денеска влегол во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, извадил пиштол и побарал од благајникот и сметководителот, 200.000 евра, како што објави ТВ Пинк „за одбрана на Косово и Црна Гора”.
Еден од заложниците успеал да ја повика полицијата која реагирала и успеала да го совлада напаѓачот кој носел пиштол марка „берета 765“. Во инцидентот никој не е повреден.
Станува збор за човек кој бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.
Против него ќе биде покрената постапка.
Патријархот Иринеј изјави дека не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра, а од Кабинетот на патријархот изјавија дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднало во просторијата до вратата на Патријархот и дека преговорите со напаѓачот траеле повеќе од еден час.