26 Април, 2024
0.0337

МБА: Ќе се одржи националниот натпревар на Европскиот квиз на пари

Објавено во: Финансии 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари  ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Националниот натпревар во нашата земја ќе се одржи на 29 мај, во 12 часот на македонски јазик и во 13 часот на албански јазик. Секој учесник ќе се натпреварува индивидуално, од својот дом, преку електронската платформа Kahoot!.

Право на учество во натпреварот имаат учениците од класовите пријавени од менторите на јавниот повик кој Македонската банкарска асоцијација го објави во јануари годинава, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за финансии и од Министерството за образование и наука.

Прашањата на Европскиот квиз на пари ќе бидат со понудени одговори од кои само еден е точен, a освен точноста на одговорите ќе се вреднува и брзината на натпреварувачот при одговарањето.

Македонската банкарска асоцијација ќе ги награди учениците и менторите кои ќе освојат прво, второ и трето место на националното натпреварување.

Националниот натпревар на Европскиот квиз на пари во нашата земја се одржува по вторпат, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.

Од исклучително голема важност е и во ваков период, кога корона-кризата влијае на економијата, и натаму да се вложува во финансиската едукација, заради што и Македонската банкарска асоцијација и сите институции коишто учествуваат и го поддржуваат одржувањето на Европскиот квиз на парите во нашата земја продолжуваат со своите активности во оваа сфера.


Можеби ќе ве интересира

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните