14 Мај, 2024
0.0287

Комерцијална банка ќе ја претстави мБанкаКо - нова мобилна апликација за правни лица

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во организација на Комерцијална банка, ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“,  наменет за правни лица, во среда, 5 декември 2018 година, со почеток од 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје. За прв пат ќе биде претставена мобилната апликација за правни лица, мБанкаКо, бесплатна апликација за мобилни телефони и за таблети која овозможува сигурен, брз и едноставен 24-часовен пристап до дел од најкористените услуги на Интернет банка за правни лица.

Покрај оваа новина, на настанот ќе бидат претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, како и мобилната апликација KomPay.

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентит со вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци. Заради поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет дефинирани од Банката.

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата, продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации.

Рубриката за мобилната апликација мБанкаКо ќе биде објавена на веб страницата на Банката, каде ќе можете подетално да се запознаете со можностите што таа ги нуди.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти