Медицинска сестра откако откри дека има рак им се извини на сите пациенти
Објавено во: Свет 01 Декември, 2016
Линдзи Норис, медицинска сестра на клиника за онкологија од Канзас, испрати порака со извинување до своите пациенти откако и бил дијагностициран рак во трета фаза. Таа им се обрати на сите пациенти со кои имала работа претходно велејќи дека не разбирала низ што всушност проаѓаат откако ќе им биде поставена тешката дијагноза.
„Не сфаќав како се чуствува некоја личност кога ќе ги чуе тие тешки зборови - Ти имаш рак. Тој ден ми беше најлош, ви се извинувам, никогаш не сфатив колку е тешко искечувањето, ниту колку ова може да ве погоди, особено кога и јас самата ви ги соопштував овие зборови“, посочи Линдзи Норис во порака до сите свои пациенти.
Норис која е мајка на две деца вели дека се обидува да продолжи со својот живот во надеж дека радиотерапијата ќе ги даде посакуваните резултати, а отсега ќе внимава на секој изкажан збор кон пациентите.