МЕДВЕДЕВ СО ЗАКАНИ ДО УРЕДНИЦИТЕ НА „TIMES“: Вие сте легитимни воени цели

Објавено во: Свет 19 Декември, 2024
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, ги нарече уредниците на британскиот весник Тајмс легитимни воени цели како одговор на известувањето на весникот за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во Москва.
Острите коментари на Медведев следеа по едиторијалот во кој убиството се опишува како легитимен чин на самоодбрана од страна на Украина, пишува Гардијан.
- Оние кои вршат злосторства против Русија... секогаш имаат соучесници. И тие сега се легитимни воени цели. Во таа категорија можат да се вбројат и бедните чакали од Тајмс, кои кукавички се сокриле зад нивната редакција. Тоа значи целото раководство на тој весник - напиша Медведев на Телеграм.
Во прикриена закана, поранешниот претседател, познат по своите воинствени ставови, додаде дека новинарите на Тајмс треба „да бидат внимателни“ бидејќи „во Лондон се е можно“.
Одговарајќи на соопштението на Медведев, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами напиша на платформата X дека неговата гангстерска закана за новинарите на Тајмс мириса на очај.
- Нашите медиуми го претставуваат најдоброто од британските вредности - слободата, демократијата и независното размислување - напиша Лами покрај неговата фотографија како чита Тајмс.
Запрашан за коментарите на Медведев, портпаролот на британскиот премиер рече дека тие се последната во серијата очајни реторики кои доаѓаат од владата на Путин.
- За разлика од Русија, слободните медиуми се темелот на нашата демократија и ние ги сфаќаме сите закани кои доаѓаат од Русија крајно сериозно - истакна тој.
Medvedev:
— Zlatti71 (@Zlatti_71) December 18, 2024
„It’s impossible to ignore the editorial published in The Times, where the bastards called the terrorist attack on Igor Kirillov and his assistant a "legitimate act of defence."
Well, then... According to this logic:
1. All NATO decision-makers from countries that… pic.twitter.com/Sp3W0lk9Gc
Медведев, кој во 2008 година се претстави како либерален реформатор кој ветува модернизација и демократизација, се трансформираше во еден од најгласните руски застапници за војна. Тој сега е најпознат по неговите вирулентни антизападни тиради на Телеграм, што некои набљудувачи го гледаат како очајнички обид да се задржи политичката важност.
Сепак, тој останува истакнат доверлив човек на Путин и неодамна отпатува во Пекинг на разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, еден од клучните сојузници на Русија.
Од почетокот на руската инвазија, Москва им забрани влез во земјата на десетици британски новинари, претставници на медиумите и високи британски политичари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО АБХАЗИЈА: Еден пратеник загина, друг е ранет

ПУТИН ЈА ПОВИКА УКРАИНА НА ПРЕГОВОРИ: Тврди дека состојбата на терен е во корист на Русија

ТРАМП ЈА ПОКАЖА НОВАТА ФРИЗУРА И ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Еве го новиот имиџ на американскиот претседател

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ TРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ: Ќе пратат 100.000 војници во Украина?

ЗЕЛЕНСКИ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Дали ќе се откаже од териториите?

УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ПРИСТИГНАЛ ВО МОСКВА СПЕЦИЈАЛНО ЗА ДА ГО УБИЕ РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Се крева ли тензија против мигрантите во Русија?

Збогум Шолц! Каква е понудата пред Германците за следните избори во февруари?

ИМ ПАДНА ВО РАЦЕ: Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов

ТРАМП НЕ ГИ ПОКАНИЛ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: За еден од нив рече дека може да дојде
