„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2024
Имаше масовен хакерски напад врз руските државни медиуми, токму денеска кога рускиот претседател Владимир Путин слави роденден и полни 72 години.
Извор од украинската влада соопшти дека украинските хакери се одговорни за големиот сајбер напад врз руската државна медиумска компанија ВГТРК.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека ВГТРК била цел на сајбер напад без преседан. Вели дека експертите работат напорно за да откријат кој стои зад нападот.
„Нашиот државен медиумски холдинг, еден од најголемите, се соочи со невиден хакерски напад врз неговата дигитална инфраструктура. Експертите се обидуваат да ги утврдат сите околности со цел да разберат каде водат трагите што ги оставиле сторителите на овој хакерски напад“, кажа Песков.
Медиумите дури го нарекоа ова и „мага“ хакирање.
Инаку, Путин денеска работно ќе го прослави роденденот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, а Путин ја негираше и украинската нација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.