15 Мај, 2024
0.0242

МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ЕXPO & КУЛИНАРСКИ РАЗГОВОРИ НА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ВО СКОПЈЕ

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамки на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), традиционално најмногу внимание привлекува меѓународната изложба ЕКСПО (EXPO). Годинава, оваа целина ја сочинуваат 8 компании од Македонија, 15 млади дизајн студија од регионот и две Aкадемии за Дизајн од Белград, сите со стотина производи кои веќе ги има на пазарот. Ќе бидат изложени прототипи на маси, столови, штендери, клуб-маси, фотелји, расвета, радијатори и други производи.

Компанииете “Завар дизaјн”, “Мимако вуд”, “We and Nature”, “Орнамакс”, “Лукс”, “Адора инженеринг”, Кирче Стојоски, “Mariguccha” ќе се претстават со новитети во нивните асортимани и последни достигнувања во продукт дизајнот.

Tимот “Абовас архитекти”, Марија Малетиќи “Моба” на ЕКСПО ќе изложат дизајнерски маси, Анѓела Мариновиќ, Ѓина Сврака, Јелена Митиќ и Марко Ољача доаѓаат со лампи, “Бенуси& Фиш” со мебел за деца, “Бланко” и “Јока” со дизајнерски додатоци, Богоје Бојовиќ со мебел за градини и канцеларии, “Суперхерина” со фотелји и детски мебел, “Табуши” со табурети и барски столици.

На изложбата ќе се претстави и проектот У1 НА1, уметничкото име на изборниот предмет Архитектура на корисни предмети на Архитектонскиот факултетот при Универзитетот во Белград, чија цел е да ги обучи студентите да развиваат мултифункционален мебел.

Покрај изложбите кои се во главниот фокус на овогодинешното издание на SDW, активностите продолжуваат со гастрономските истражувања низ серија на три работилници насловени Кулинарски разговори. Ова кулинарско ќоше е сосема нова дисциплина, долго подготвувана од организаторите која има за цел преку храна и дружење да ги доближи карактерите на општествено и социјално одговорни и познати личности.

Популарниот  и наградуван белгиски шеф, МаркдеЈонг, со кулинарско шоу на отворена сцена ќе готви и дизајнира храна заедно со гостите кои ќе ги учи како да си ги подобрат готвачките вештини, а од нив ќе учи за поезијата, еко-активизмот и модниот стил.

На 23.ноември со почеток во 16 часот, темата е поезија, а со Марк де Јонг ќе готви и дебатира наградуваната македонска поетеса Марта Маркоска. На 24.ноември во 15 часот ќе се готви и дискутира на тема еко-активизам со актерката ИренаРистиќ и тимот на “Не биди ѓубре“. Ристиќ е истакната активистка и лидерка на популарната граѓанска иницијатива “Не биди ѓубре“ и на Skopje Design Week ќе ги споделат своите искуства од нивната кампања. Додека на 25. ноември со почеток во 15 часот темата е мода, а со Марк де Јонг ќе готви менаџеркиот тим на Скопскиот моден викенд.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Повеќеинформациина: www.ministryofpleasure.net

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти